сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Ракомет

Скубе: Бев договорен за трансфер во ПСЖ, но…

Скубе: Бев договорен за трансфер во ПСЖ, но…

Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе е еден од лидерите на Вардар во оваа сезона. Европскиот првак го очекува незгодно гостување кај Мешков Брест во деветтото коло од Лигата на шампионите, а Скубе за рускиот „Брз Центар“ покрај за очекувањата од средбата во Белорусија, откри и дека бил многу блиску до потпис со францускиот ПСЖ.

„Бев многу блиску до потпис со ПСЖ лани. Се беше договорено, договорот беше на маса, но наеднаш се тргна наопаку. Искрено не сакам да одам во детали. Имав преговори и со Мешков Брест. Белорускиот првак беше една од опциите лани кога беше актуелна лошата ситуација во Вардар. Но на крајот решив да останам – и се надевам дека не погрешив“, изјави Скубе.

Скубе ќе биде еден од адутите на тренерот Кокшаров и на средбата со Мешков Брест, која се игра в сабота од 17:30 часот во салата „Викторија“ во Брест.

извор: 24rakomet.mk