петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 195
home Ракомет

Скопски Вардар повторно на тронот!!!

Скопски Вардар повторно на тронот!!!

Ракометарите на Вардар со 26:23 го победија Загреб во финалето од СЕХА лигата и по петти пат станаа шампиони во регионалното натпреварување, Даинис Криштопанс беше херојот на македонскиот тим на овој меч.

Вардар ја освои титулата во СЕХА лигата откако во финалето беше подобар од Загреб со што уште еднаш покажа дека му нема рамен во регионот.
Натпреварот изобилуваше со груба игра со три црвени картони од која најдебелиот крај го извлече Кристијан Дисингер кој најверојатно ја скрши левата рака, а ако тоа го потврдат и медицинските тестови за него сезоната ќе биде завршена.
Во првите десетина минути се играше рамноправно, а потоа Загреб направи серија од 3-0 и поведе со 7-4. Вардар одговори со иста таква серија и го изедначи резултатот. При резултат од 7-7, Мораес доби директен црвен картон, престрога одлука на судиите која го остави нашиот тим без бразилскиот пивот.
Во последната третина од првиот дел македонскиот тим беше подобар и на полувремето замина со предност од 14:12. Но пред истекот на 30. минута Дисингер имаше страшен пад на левата рака откако беше бутнат од Поточник. Ракометарот на Загреб доби црвен картон, а Дисингер по долга интервенција на лекарите беше изнесен од теренот со имобилизирана рака.
Во второто полувреме мечот продолжи грубо, веќе во 35. минута беше покажан нов црвен картон, овој пат за Мандиќ кој по трет пат беше исклучен на две минути. До крајот на натпреварот Вардар го контролираше мечот, имаше водство, Загреб најмногу што направи е тоа што дојде до еден негатива во финишот, но не можеше повеќе против силниот тим на Парондо. Конечниот резултат беше 26:23.
Даинис Криштопанс беше јунакот на мечот со седум постигнати гола, Дибиров и Скубе постигнаа по пет, Стоилов даде три. Милосављев имаше седум одбрани. Кај Загреб Мраковчиќ со четири гола беше најефикасен.
Ова беше трет трофеј по ред за Вардар во СЕХА лигата, вкупно петти во регионалното натпреварување, прва титула за Роберто Парондо со македонскиот тим.
Извор: mkd.mk

Коронавирус