вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Ракомет

Скопје од денес домаќин на Мундијалот за ракометари до 19 години

Скопје од денес домаќин на Мундијалот за ракометари до 19 години

Во македонската престолнина Скопје денес почнува Светското првенство за ракометари до 19 години кое трае до 18 август. Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.

Македонија е во Ц-групата заедно со репрезентациите на Данска, Јапонија, Аргентина, Нигерија и Бахреин.

„Црвено-жолтите“ првиот натпревар ќе го имаат вечер со почеток во 20:30 часот против репрезентацијата на Аргентина во СЦ „Борис Трајковски“.