четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 112
home Ракомет

Скандинавците остануваат максимални, нов блесок на египетските ракометари

Скандинавците остануваат максимални, нов блесок на египетските ракометари

Нови скандинавски победи и лидерства за финалистите на последното Светско првенство во двете групи на машкиот олимписки ракометен турнир. Швеѓаните како да се предодредени за победи во драматични завршници. До третата победа „трите круни“ стигнаа со победа над Португалија со 29-28. Швеѓаните прокоцкаа +4, па последната минута донесе драма. Сепак, Паличка ги одбрани Швеѓаните за три од три во Б групата.

Лагерген со осум гола беше најефикасен на средбата, а кај Португалија по шест погодоци постигнаа Гомеш, Соареш и Соуза.

Олимпискиот победник од Рио, селекцијата на Данска, водена од Николај Јакобсен си поигра со Бахраин, победувајќи го со 31-21 (12-7). Гидсел и Хансен блескаа и запишаа по шест гола, а Ал-Макаби беше автор на пет погодоци кај поразената селекција.

Египет им се врати на победите по поразот од Данска и ја надигра Јапонија (33-29). Ел-Ахмар со осум и Омар Јахиа со седум гола беа најдобри поединци во египетската селекција, водена од поранешниот тренер на Вардар 1961, Роберто Гарсија Парондо.

Коронавирус