Со победата над Полска, ракометната репрезентација на Шведска обезбеди пласман во главната фаза.
Но, по овој натпревар, шведските репрезентативци Џим Готфридсон, Андреас Нилсон, Ким Екдал ду Риц и Лукас Нилсен заминаа во град каде беа забележани од шведски новинари како пијат алкохол во еден паб.
Во шведската репрезентација правилата се строги и за секој излез во град мора да се бара тренерска дозвола, а, пак, за алкохолот и збор не може да стане.
Мораше да се извини генералниот секретар на Шведската ракометна федерација, Роберт Ведберг.
„Тоа е жалосно, но ние сепак сето тоа го средивме внатре во репрезентацијата. Играчите се извинија пред целата репрезентација, а еве јас сакам да се извинам пред јавноста и навивачите. Тоа е недозволиво, ние мораме да бидеме пример на едно толку големо натпреварување“.
Шведска денеска ќе одигра натпревар со селекцијата на Португалија.