петок, 14. мај 2021. Вести денес: 23
home Ракомет

Сираба Дембеле доживеа тешка повреда

Сираба Дембеле доживеа тешка повреда

Романскиот ракометен тим ЧСМ Букурешт, не загуби само од ЦСКа Москава по што остана без пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите, туки загуби и важен играч до крајот на годината.

Французинакта Сираба Дембеле – Павловиќ ја скина Ахиловата тетива при еден доскок на теренот во московската Арена Динамо.

Поради таа повреда нема да може да ја предводи Франција на Летните олимписки игри во Токио, како на Светското првенство во 2017 и Европското првенство во 2018 година.

-Олимписките игри требаше да бидат моето последно натпреварување за репрезентацијата. Заедно сме многу долго време и тешко е да се остави тимот кога требаше да се заокружи еден циклус. Тешко ми е, но имав среќа во текот на кариерата со повредите, не можам да бидам неблагодарна. Со години сме во луд ритем и природно е што телото почнува да попушта, изјави Дембеле.

Коронавирус