петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 174
home Ракомет

Симовски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Симовски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски го објави списокот за ЕХФ неделата што ќе се одржи во период од 24 до 30 септември 2018.

Првиот собир ќе се одржи на 24 септември со почеток во 10:00 часот во спортската сала „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во склоп на ЕХФ неделата, Македонската сениорската репрезентација, покрај тренинзите, ќе одигра и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Италија.

Натпреварите ќе се одиграат на 27 и 28 септември во 16:00 часот во салата во Автокоманда, додека на 29 септември сениорската репрезентација ќе одигра уште еден натпревар против младинската репрезентација на Македонија во истиот термин.

Список на ракометарки за ЕХФ неделата:

Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Марија Тасевска, Сара Ристовска, Марија Гајиќ, Марија Штериова, Теодора Керамичева, Марија Николиќ, Душица Ѓоргиевска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓиевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Моника Јаневска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ.

Коронавирус