недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Ракомет

Шведска прв финалист на СП во ракомет

Шведска прв финалист на СП во ракомет

Шведска е првиот финалист на Светското првенство за ракометари што се одржува во Египет, откако славеше вечерва во полуфиналето над Франција со 32:26 (16:13).

Швеѓаните одиграа беспрекорно во нападот во првото полувреме во кое француските голмани немаа ниту една одбрана.

Откако на средина на полувремето го презедоа водството со 8-7 не го испуштија до самиот крај на натпреварот.

Швеѓаните заминаа на полувреме со три голови предност (16:13) и не им дозволија во продолжение на Французите да се вратат резултатски во натпреварот.

Најефикасен во шведската репрезентација беше крилото Хампус Ване со 11 голови.

За Шведска ова ќе биде осмо учество во самата завршница на ракометните мундијали, а прво во последните 20 години.

Противникот во финалниот натпревар ќе го добијат подоцна вечерва по мечот меѓу европскиот првак Шпанија и бранителот на светската титула Данска.  (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија