петок, 30. септември 2022. Вести денес: 125
home Ракомет

Што му дошепна Раул на Кире? Ова е тајниот план за последниот напад (ВИДЕО)

Што му дошепна Раул на Кире? Ова е тајниот план за последниот напад (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше на последниот тајм-аут на македонските ракометари, кои коваа план за последниот напад и како да се нападне германскиот голман.

Во тој момент Кире Лазаров ја презеде капитенската улога и во договор со тренерот му предложи да одиграат цепелин на само десет секунди пред крајот на мечот.

Ваквиот предлог на Кире наиде на негодување на селекторот Раул Гонзалес, кој децидно ја одби ваквата идеја на капитенот и притоа му дошепна нешто.

Раул забележа дека тајм-аутот се снима и дека многу лесно може информацијата да дојде до германскиот табор, кој сигурно има свои извори.

Gol.mk дознава дека Раул му дошепна на капитенот за камерата и микрофонот и се активираше планот Б. Сѐ протече како што треба, ракометарите одиграа „нормално“ – без цепелини и лажни цепелини, само што Хајневетер во одлучувачкиот момент го спречи перфектното сценарио.

Коронавирус