среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Штербик вчера го одигра последниот меч за Вардар: Голманот го пропушта мечот против ПСЖ

Штербик вчера го одигра последниот меч за Вардар: Голманот го пропушта мечот против ПСЖ

Голманот на актуелниот еропски шампион Вардар, Арпад Штербик денеска нема да настапи за „црвено-црните“ во мечот за третото место на Ф4 турнирот во Келн против ПСЖ.

Штербик во вчерашниот меч против Монпелје, кој вардарци го загубија со 27:28, ја напушти играта поради повреда кон крајот на првиот дел и потоа не се врати на терен. На негово место шанса денеска ќе добие Даниел Ѓорѓевски.

Штербик на крајот од сезонава заминува за Веспрем, па така вчерашниот меч беше последниот во дресот на македонскиот тим.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез направи уште една замена, откако на местото на Јања Војводиќ ќе настапи македонскиот репрезентативец Мартин Поповски.

Дуелот меѓу Вардар и ПСЖ почнува од 15:15 часот.