среда, 2. декември 2020. Вести денес: 165
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Ракомет

Штербик: Ракометарите на ПИК Сегед ќе се борат како лавови против Вардар

Штербик: Ракометарите на ПИК Сегед ќе се борат како лавови против Вардар

Арпад Штербик, некогашниот голман на Вардар, а сегашен чувар на мрежата на Веспрем, говореше за унгарскиот ривал ПИК Сегед кого го чека дуел со „црвено-црните“ во Лигата на шампионите.

Сегед во нокаут-рундата ќе игра со Вардар, а победникот од овој двомеч се очекува за Ф4 да се бори со Веспрем. Многумина очекуваат ПИК Сегед лесно да го прескокне Вардар, а Штербик вели дека избраниците на Хуан Карпос Пастор ќе се борат како лавови за да играат на Ф4.

„Ракометарите на Сегед ќе се борат како лавови за да играат на Ф4. Мора да бидеме внимателни и да внимаваме. Најдобро би било на крајот од сезоната да освојам трофеј со Веспрем во Лигата на шампионите, тоа би го направило моето збогување помалку болно. Но, прво да дојдеме на Ф4. Мора прво да ја минеме Висла“, изјави Штербик.

ПИК Сегед никогаш нема играно на Ф4-турнирот во Келн, додека Веспрем и Вардар го играа ланското финале и македонскиот тим стана првак.

Коронавирус