среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 116
home Ракомет

Шпанија и Холандија ќе играат во големото финале на СП во ракомет

Шпанија и Холандија ќе играат во големото финале на СП во ракомет

Репрезентацијата на Холандија и Шпанија славеја во полуфиналните пресметки од Светското првенство во Јапонија, против Русија, односно Норвешка и ќе играат во големото финале за титулата светски првак.

И двата епилога од мечевите беа неочекувани, откако Русија до мечот со Холандија имаше максмален учинок на победи. „Зборнаја имаше водство во првиот дел, на пауза заминаа со егал 16:16, додека во вториот дел „лалињата“ беа тие кои ја имаа иницијативата, и стигнаа до голема победа од 33-32.

Противник во неделното финале на Холандија ќе и биде селекцијата на Шпанија која го изненади првиот фаворит за златото селекцијата на Норвешка.

Ракометарките на Шпанија до големиот успех стигнаа откако одиграа неверојатни втори 30 минути, во кои ја уништија играта на големиот фаворит. На полувреме се замина со егал резултат (13-13), но уште на стартот на вториот дел, Шпанките влегоа во ритам, се одлепија на +6 и на крај заслужено извојуваа победа од 22-28.

Во големото финале, кое е закажано за в недела, Шпанија ќе се судри со Холандија додека во малото финале ќе се сретнат Норвешка и Русија.

извор: dribling.mk