вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 114
home Ракомет

Шпанија без пораз до следната фаза на ЕП

Шпанија без пораз до следната фаза на ЕП

Репрезентацијата на Шпанија триумфираше и на дуелот против аутсајдерот Холандија со 25-36 и со максимален ефект продолжува во следната фаза од Европското првенство кое се игра во Австрија, Шведска и Норвешка. „Црвената фурија“ беше импресивна во текот на групната фаза, добијваќи ги убедливо сите три натпревари.

Најзапазен настап денес имаше голманот Родриго Коралес кој собра 20 интервенции.

Денешната средба уште од стартот тргна со нивна иницијатива, а „лалињата“ освен воведните 1-0, ниту еднаш не беа во предност. Шпанците беа одлични уште на стартот и веќе по 15. минути игра водеа со огроми седум голови разлика. Холандија успеа до паузата да ја намали предноста на фаворитот, но само до 13-17.

Во второто полувреме Шпанија целосно издоминира и брзо ја врати најголемата позитива, која порасна и на плус 11. „Фуријата“ погодуваше од сите позиции, а Коралес бранеше се што можеше за на крајот Шпанија да го декласира противникот.

Најефикасен играч на средбата беше Смитс Кај од Холандија со осум погодоци, додека поранешниот вардарец Македа постигна шест за Шпанија.

извор: gol.mk