среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Шок во „Малме арена“: Португалија ја понижи Шведска со ракометна лекција за паметење

Шок во „Малме арена“: Португалија ја понижи Шведска со ракометна лекција за паметење

Шведска влезе без бодови во главната рунда на Европското првенство на кое е еден од домаќините, а иако сите се надеваа дека ќе имаат лесна задача за први бодови против Португалија, се случи сосема спротивното.

Португалците уште еднаш демонстрираа дека се најголемо изненадување на турнирот, па така откако ја изненадија Франција и ја најавија нејзината елиминација, денеска приредија вистинско ракометно уживање кај неутралните фанови. Португалија и одржа ракометна лекција за паметење на Шведска, бидејќи буквално ја понижи во преполната „Малме арена“ со неставрни 35:25.

Тимот кој сите го отпишаа уште во првата фаза продолжи да фасцинира со атрактивниот ракомет, за кој денеска немаа лек домашните ракометари кои не знаеја што ги снајде пред нивната публика. Кинтана со 11 одбрани беше фантастичен на голот на Португалија, додека во нападот импресивни беа Соуса, Магалјаеш и Фераз кои постигнаа по шест погодоци.

Шведска со овој пораз останува со теоретски пласман во полуфиналето, додека Португалија продолжува да сонува и сега е во игра за пласман меѓу најдобрите четири репрезентации на турнирот пред последните две кола во главната рунда.