четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 133
home Ракомет

Шилегов од Металург потпиша за Охрид

Шилегов од Металург потпиша за Охрид

Охрид го засили играчкиот кадар со потписот на Мице Шилегов од редовите на Металург. Тимот на Раде Стојановиќ беше во потрага по нов крилен играч како наследник на Бобан Блажески (се пресели во Струга), а изборот падна токму врз Шилегов, кој реши да си замине од „Автокоманда“.

Тој е второто засилување на Охрид од Металург годинава, откако во текот на ланската сезона беше доведен и бекот Михајло Младеновиќ. Шилегов е поранешен младински репрезентативец на Македонија, кој би требало да биде значаен адут на тренерот Раде Стојановиќ во наредната сезона.

Одлична вест за охриѓани е и останувањето на Кривокапиќ, кој ги договори условите за нов договор со овој клуб. Претходно, договорите со „гладијаторите“ ги продолжија Иван Тасески, Крсте Андоновски, Јагош Брауновиќ, Филип Николов и Мартин Манасков.

Коронавирус