вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Ракомет

Сензација во Келн: Алборг го исфрли ПСЖ и обезбеди историско финале!

Сензација во Келн: Алборг го исфрли ПСЖ и обезбеди историско финале!

Ракометарите на Пари Сен Жермен беа поразени во првото полуфинале на завршниот турнир во Лигата на шампионите од Алборг (33-35) кој се избори за првото финале во својата историја.

Почетокот донесе одлична одбрана на двете страни, па во воведните десет минути видовме само три гола. Тимот на Раул Гонзалез започна со добра серија која му донесе водство во текот на цело полувреме. Највисоко се искачи на +4, но пред самата пауза данскиот шампион покажа зошто е меѓу најдобрите екипи во Европа.

Доброто издание на Алборг во финишот од првиот дел донесе чувство кај фановите дека до крајот ќе гледаат неизвесно полуфинале. На неколку секунди до крајот голманот Гејд одбрани и спречи повисока предност за ривалот (13-15).

Клучната разлика беше направена во првата половина од второто полувреме. Никола Карабатиќ погоди за да донесе највоски 16-21. Тоа не беше причина за откажување во редовите на Алборг. Дебитантот на Ф4 турнирот се врати во игра со мини-серија и не дозволи рано решавање на името на победникот. Во еден момент стигнаа до водство од 25-24 и ја врати надежта кај своите приврзаници. Тоа го натера Раул да реагира и да повика тајм-аут, во обид да ги смири емоциите кај своите играчи.

Проблемите во нападот ПСЖ ги решаваше со игра „седум на шест“. Меѓутоа моментот се префрли на страна на Алборг, кој започна да го контролира резултатот. Последните пет минути донесоа игра гол за гол, во која на крај поуспешен беше тимот од Данска. Сандел погоди во последните моменти за недостижни два гола разлика.

Клаар запиша осум гола и беше најефикасен на теренот, пред Ремили (7) и Хансен (6). Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Нант на Кирил Лазаров и Барселона.

Коронавирус