среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 36
home Ракомет

Селекторот Гонзалез и ракометарите ги кажаа очекувањата пред утрешниот дуел со Црна Гора

Селекторот, Раул Гоннзалез и дел од македонските ракометари напоменаа дека во утрешниот дуел треба да се влезе со ладни глави и да се заборави на натпреварот со Словенија
Селекторот Гонзалез и ракометарите ги кажаа очекувањата пред утрешниот дуел со Црна Гора

Македонија вчера однесе голема победа во натпреварот со Словенија, а веќе утре ги очекува новиот тест, мечот против Црна Гора, која најверојатно ќе биде засилена со еден од најдобрите млади голмани на светот, Небојша Симиќ.

Селекторот, Раул Гоннзалез и дел од македонските ракометари напоменаа дека во утрешниот дуел треба да се влезе со ладни глави и да се заборави на натпреварот со Словенија

-Одбраната на Црна Гора е поинаква од онаа на Словенија, тие играат повисока одбрана 3-3 или 3-2-1, на која ние не сме навикнати и треба добро да се подготвиме за неа. Тие ќе имаат голема мотивација, треба да влеземе со почит кон нив, имаат одличен состав и овој натпревар и за нас и за нив е како финале, изјави селекторот Раул Гонзалез.

Раул кажа дека на вчерашниот натпревар Германија влегла многу силно, направи предност по што што Црна Гора се откажале знаејќи дека морале да се фокусираат на Македонија.

-Не смее да не фаќа еуфорија по победата над Словенија, мечот со Црна Гора за нас е како финале, вели Гонзалез.

Капитенот на репрезентацијата, Кире Лазаров, вели дека математички се уште не сме пласирани во следната рунда, така што се свени дека ништо не е завршено. Тој порача дека репрезентаијата утре мора мора да биде максимално внимателна, дека утре ги очекува максимално сериозен испит.

-Верувам во целиот тим, во моите колеги, но сепак од друга страна сме свесни дека не треба да дозволиме да проработи оној македонски менталитет, по една добра партија и победа да следи опуштање, пад во формата и пораз. Ме радува што гледам дека голем дел од соиграчите се свесни за сериозноста на утрешниот дуел, секогаш мораме да бидеме внимателни. Црна Гора ќе тргне со 200 посто од своите можности, ќе го даде максимумот за да стигне до победата, а на нас е да се одмориме и ако вчера бевме добри, утре да бидеме уште подобри. Сигурно дека има простор за напредок, треба да ги повториме добрите работи од играта од Словенија и да ги поправиме оние работи кои не функционираа како што посакувавме, изјави Лазаров во пресрет на натпреварот против Црна Гора.

Изјава пред натпреварот утре против Црна Гора даде и голманот Митревски, кој беше еден од хероите на натрпеварот против Словенија, со неколку клучни одбрани во моментите додека Македонија ја стигнуваше негативата на Словенците во првиот дел.

-Мечот против Словенија го оставаме зад себе, нема време за славење, следниот натпревар е пред нас. Се надевам дека ќе се претсатвиме во исто, па и во подобро светло против Црна Гора, која не го покажа вистинското лице против Германија. Тие се комплетна репрезентација со одлични бекови. Пех е што не им игра Борозан, но сепак, тие што се тука се доволно добри. Имаат и добри останати поединци, мислам дека против нас ќе бидат мотивирани и ќе дадат уште повеќе. Затоа, мислам дека и ние треба да бидеме далеку подобри на теренот, изјави Митревски.

Доколку Македонија утре стигне до победа против Црна Гора сигурно го заверува пласманот во следната фаза во Вараждин и тоа најмалку со два бода, па мечот од третото коло против Германија во среда ќе значи само шанса во втората фаза да се отиде со повеќе бодови.

Коронавирус