Селекторот на машката младинска ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, по натпреварот со Велика Британија изјави дека е задоволен од прикажаното и најави уште поквалитетна игра на неговите ракометари во следните натпревари.
Македонските ракометари убедливо ја совладаа британската репрезентација со 32:15 и со победа го почнаа ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје.
– Сите играчи беа на високо ниво и одгиграа дисциплинирано и рутински. Мислам дека ќе бидеме подобри во наредните натпревари, истакна Брестовац.
Македонија вториот натпревар од групата Б ќе игра против Италија на 23 јули.
(Миа)
loading...