вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Ракомет

СЕКОЈ ЌЕ СЕ НАЕЖИ: Македонските хероини со моќно пеење на химната прославија титула! (ВИДЕО)

СЕКОЈ ЌЕ СЕ НАЕЖИ: Македонските хероини со моќно пеење на химната прославија титула! (ВИДЕО)

Женската ракометна репрезентација до 17 години оствари голем успех за македонскиот ракомет со победа над Исланд во финалниот натпревар (27-26) го освои ЕХФ Шампионатот во Литванија и воедно обезбеди место на Европското првенство за кадетки.

По натпреварот, на церемонијата во Клаипеда, нашите девојки го примија трофејот и моќно ја испеаја македонската химна „Денес над Македонија“, нешто во стил како што италијанските фудбалери ја пееја за време на Европското првенство (ЕП).

Наклон до под од ракометарките за Андовска Зорица, Богојеска Сара, Божиновска Ева, Чурлиновска Матеа, Димитровска Ана Марија, Димова Елена, Дукоска Теодора, Еленин Адела, Ѓеоргиевска Вероника, Голабоска Марија, Јанкуловска Марија, Јовановска Марија, Кирова Ема, Коцева Бојана, Коцева Борјана, Корлевска Сандра, Максимовска Наталија, Маринчов Миа, Маркоска Дона, Младеновска Ива, Нестороска Нена, Переска Тијана, Пешиќ Мила, Пупунчоска Анастасија, Радевска Бојана, Равојска Јана, Ризоска Емилијана, Рујановска Сара, Спасевска Деника, Тошевска Магдалена, Трпеска Анастасија, Велигденова Јана, Велкова Ива и Затуроска Бојана…

Стручниот штаб на овој ЕХФ Шампионат го сочинуваа селекторот Савевски Љубомир, тренерот Дамчевска Јулијана, координаторот Бајрамоска Мирјета и физиотерапевтката Андоновска Катерина.

За МВП на турнирот беше прогласена 14-годишната Ива Младеновска која настапува за ЖРК Металург, додека од „дрим-тимот“ беа дел голманката Марија Јовановска и десното крило Теодора Дукова.

Коронавирус