петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Ракомет

СЕХА: Вардар против Мешков Брест во полуфинале

СЕХА: Вардар против Мешков Брест во полуфинале

На едно коло до крај на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата извесно е дека противникот на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот е белорускиот тим Мешков Брест.

Без разлика на резултатите од последното коло Мешков Брест ќе остане на четвртото место, а Вардар како лидер според пропозициите во полуфиналето за предизвикувач ќе го добие четвртопласираниот тим на табелата.

Покрај Вардар како бранител на титулата и домаќин на турнирот ќе настапат Мешков Брест, Целје и ППД Загреб.

Завршниот турнир во регионалната лига е закажан од 13 до 15 април во „Јане Сандански” во Скопје.