недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

СЕХА: Вардар и Веспрем за шампионската титула во Задар!

СЕХА: Вардар и Веспрем за шампионската титула во Задар!

Денеска на Фајнал-фор турнирот во Задар (Хрватска) ќе дознаеме кој ќе биде шампионот за натпреварувачката сезона 2019/20 во СЕХА Газпром лигата. Од 20.30 часот во салата „Крешимир Ќосиќ“ за титулата ќе играат екипите на Вардар 1961 и Веспрем, а од 18.00 часот е битката за бронзениот медал меѓу ППД Загреб и Мешков Брест.

Македонскиот претставник ја брани титулата од лани, потсетување во петокот „црвено-црните“ после пенал серијата го елиминираа хрватскиот ППД Загреб. Унгарците претходно во првата полуфинална пресметка со резултат 28:24 беа подобри од белорускиот Мешков Брест.

По третпат во историјата на Ф4 турнирите во СЕХА во финалето ќе се сретнат Вардар 1961 и Веспрем, во сезоната 2015/16 во Вараждин (Хрватска) триумфираше унгарската екипа со 28:26, а Вардарци се реваншираа во 2017 година во Брест (Белорусија), 26:21.

Нашата екипа во последните три години ја освојуваше титулата, вечерва ќе го брка севкупно шестиот трофеј во регионалното натпреварување. Веспрем освен во 2016, беше на тронот и во 2015 година кога со 32:21 славеше над Мешков. Вардар покрај финалето со Веспрем (2016), беше поразен во финалната битка и во 2013 година во Скопје од Загреб (25:24) по продолженијата во СЦ „Борис Трајковски“.

Во Веспрем настапуваат неколку поранешни играчи на Вардар, тие се Дејан Манасков, Рожерио Мораеш Фереира, Данил Шишкарев, Хорхе Македа и Вуко Борозан, а на тренерската клупа е Давид Дејвис, поранешниот стратег на женскиот ракометен клуб Вардар и екс помошник на Раул Гонзалез во машкиот ракометен клуб на Вардар.

СЕХА Газпром лига

Финале, резултати –

2011/12 Вардар-Металург 21:18
2012/13 Загреб-Вардар 25:24
2013/14 Вардар-Мешков 29:27
2014/15 Веспрем-Мешков 32:21
2015/16 Веспрем-Вардар 28:26
2016/17 Вардар-Веспрем 26:21
2017/18 Вардар-ППД Загреб 26:24
2018/19 Вардар-ППД Загреб 26:23
2019/20 Вардар 1961-Веспрем ?

Локални избори 2021