среда, 19. септември 2018. Вести денес: 131
home Ракомет

СЕХА лига: Вардар со убедлива победа против Железничар

СЕХА лига: Вардар со убедлива победа против Железничар

Македонскиот шампион Вардар забележа убедлива победа од 35:20 (14:11) против Железничар во натпревар од второто коло во СЕХА лигата.

Ракометарите на Роберто Гарсија Парондо само не почетокот имаа проблеми, кога противникот поведе со 5:9, но во 23 минута резултатот веќе беше израмнет на 11:11 а потоа нашиот тим целосно доминираше над Србите, предводени од поранешниот тренер на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ.

За Вардар по четири гола постигнаа Кисељев, Дибиров, Чупиќ, Поповски, Кристопанс и Мораеш, додека за гостите од Ниш, Јевтиќ постигна шест.

Ова е 27-ма победа во СЕХА лигата и 28-ми натпревар без пораз за „црвено-црните“, откако вардарци немаат загубено натпревар во регионалното натпреварување од крајот на 2016 година.

За скопскиот тим ова е втор триумф во регионалното натпреварување, откако во првиот меч го совлада Металург со 34:28.

Во следното коло, на 9 септември, Вардар ќе гостува на Татран Прешов.