среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 76
home Ракомет

СЕХА лига: Металург претрпе пораз на гостувањето кај Мешков Брест

СЕХА лига: Металург претрпе пораз на гостувањето кај Мешков Брест

Металург претрпе убедлив пораз од 41:29 на гостувањето кај Мешков Брест во второто коло од регионалната СЕХА лига.

Ракометарите на Металург во првото полувреме му беа рамноправен противник на белорускиот тим, а на средината од првиот дел имаа и водство.

Домаќините на неколку минути до паузата стигнаа до израмнување и успееа да направат пресврт, а на полувремето заминаа со предност од 17:15.

Во вториот дел забележлив беше падот во играта на Металург, а домаќините ги искористија грешките на македонскит тим и постојано ја зголемуваа предноста, а на крајот остварија убедлива победа со 12 гола разлика.

Металург на овој натпревар настапи во ослабен состав без капитенот Филип Кузмановски, кој чека раскин на договорот и не отпатува со тимот на гостувањето во Белорусија, и без повредениот Мартин Велковски.

За тимот од Автокоманда ова е втор пораз сезонава во СЕХА лига.