четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 172
home Ракомет

Се спрема шок во Вараждин: Кире Лазаров ќе биде следната „нуларица“

Се спрема шок во Вараждин: Кире Лазаров ќе биде следната „нуларица“

Позната е причината зошто по крајот на групната фаза во Загреб, Дејан Манасков и Филип Кузмановски се ишишаа на нула.

Ноќеска на социјалните мрежи осамна фотографија со нов имиџ на Манасков и Кузмановски, двајцата ракометни репрезентативции се ишишаа на нула.

Тие не верувале дека Македонија може да заврши прва во групата па му ветиле на Столе дека ако бидат први ќе се шишаат “ќелави”.

Младиот Филип Кузмановски во зијава за ЕКИПА вели дека сега на ред се Ацо Јоноски и Кире Лазаров.

-Сега на ред се Ацо Јоноски и Кире Лазаров.  Ако стигнеме до полуфинале ќе го „стрижиме“ капитенот. Таков е договорот. Нека победуваме, сите ќе се „истрижиме“ ако треба“, вели Филип Кузмановски.

Коронавирус