недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 73
home Ракомет

Се огласи црногорскиот селектор: Еве како може да се запре Македонија

Се огласи црногорскиот селектор: Еве како може да се запре Македонија

По 12 последователни порази на европските првенства, ракометната репрезентација на Црна Гора вечерва во натпреварот против Македонија ја гледа првата шанса за победа.

Македонија во овој натпревар важи за фаворит, дополнително по победата на „црвено-жолтите“ над Словенија. Но, момците под водство на Драган Ѓукиќ не губат надеж.

-Ако ние очекувано загубивме од европскиот првак, победата на Македонија е изненадување бидејќи Словенија беше фаворит. Ситуацијата во нашата група е таква и се може вечер да се одлучи против Македонија, а можеби и во последното коло со Словенија, вели Ѓукиќ.

По дознавањето на противниците од групата, селекторот вели дека Црна Гора како шанса за труимф го истакнува дуелот со Македонија.

-Пред почетокот се размислуваше дека Македонија, не поради тоа што е послаба, туку затоа што има поинаков ракомет, може да биде наша шанса. Си поставивме цел да се обидеме да победиме и имаме шанса, иако сме аутсајдери. Сакаме да играме многу подобар ракомет отколку со Германија, но и противникот да го изненадиме со некои промени на теренот, нагласува црногорскиот селектор.

Ѓукиќ издвојува четири играчи од македонската репрезентација како клучни.

-Македонците имаат две ударни тупаници – Лазаров и Манасков кои најмногу шутираат и постигнуваат најмногу голови. Но, се се случува на линијата на средниот бек Миркуловски – пивотменот Стоилов. Ако го запрете тоа, може да ја запрете и Македонија. Македонија игра типичен шпански ракомет, сигурно до гол со пивотмен кој е тешко да го чуваш. Често изнудува исклучувања и речиси е незапирлив во игра еден на еден. Од друга страна ако останете „плитко“ да браните, го имате шутот на Лазаров или две одлични крила, така што тоа не е лесно да се реши, вели Ѓукиќ.

Тој вели дека во нападот може ќе играат малку поинаку отколку против Германија. Ќе се обидат да спречат да примаат многу голови од транзиција, но селекторот на Црна Гора вели дека ќе видат дали умеат.

Коронавирус