четврток, 13. август 2020. Вести денес: 137
home Ракомет

Се најавува измена која целосно ќе го промени ракометот

Се најавува измена која целосно ќе го промени ракометот

Веќе подолго време се најавуваат нови промени во правилата на ракометната игра. Најчесто споменувано е намалувањето на додавањата за пасивен напад.

Француските судијки, сестрите Бонавентура во интервју за ffhandball.fr зборуваа за можните промени во ракометот.

„За време на состаноците на далечина сфативме дека најверојатно ќе се воведат нови правила во 2022 година. Првото се однесува на изведувањето од центар после примен гол кое веројатно нема да го има повеќе, а второто е намалување на додавањата за пасивен напад од шест на четири. Нашата задача е само да ги приоменуваме правилата но не и да судиме дали се добри или лоши. За правилото седум на шест има многу коментари особено од Германија. Ова правило беше воведено после консултации со добро познати светски стручњаци во ракометот, но како се користи тоа зависи од тренерите. Португалија направи одличен успех со помош на ваквата тактика“, рече Жули Бонавентура.

Освен промени на овие правила се најавуваат и други измени. Најчесто тие се предложени од светски познати тренери кои се трудат да го одржат спортот на што повисоко ниво. Во иднина можни се промени во нападот каде што би бил временски ограничен, а исто така се споменува и воведување на ВАР.

Коронавирус