сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Савевски: Вие сте македонските „лавици“

Савевски: Вие сте македонските „лавици“

По освоениот ЕХФ Шампионат во Литванија, селекторот Љубомир Савевски истакна дека е горд на девојките и заслужено го понесоа прекарот „лавици“ – поради херојската борба која ја покажаа.

„Оваа селекција заслужено доби нов прекар – македонски „лавици“. Губевте со пет-шест разлика на некои мечеви, а пак се враќавте. Тоа може да го направи само тим кој е победник. Голема благодарност до сите, затоа што ни ги наполнивте срцата и душите и дадовте мотив да се работи уште повеќе во иднина. Благодарност до РФМ за условите, јас полнам 50 години во ракометот, никогаш не сум видел ваква организираност и посветеност од првиот до последниот ден. Не треба да застанаме тука, следи борба со репрезентации кои се крем во Европа. Се надевам дека ова кое го направивме во Литванија на ЕХФ Шампионатот, ќе го направиме на Европско и на Светско првенство. Мојата омилена фраза е „ако верувате во себе, вие можете да ја бутнете и планината“. Вие, девојки, ја бутнавте планината во Литванија!“, изјави Савевски.

foto: gol.mk

Коронавирус