сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 50
home Ракомет

Сара Ристовска е најдобро десно крило во ЛШ оваа сезона

Сара Ристовска е најдобро десно крило во ЛШ оваа сезона

Ма­ке­дон­ска­та ракометна ре­пре­зен­та­ти­вка, дес­но­то кри­ло Са­ра Ри­стов­ска, до­би ме­сто во најдобриот со­став во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те (ЛШ) за се­зо­на­та во 2020/2021, во изборот на Европ­ска­та ра­ко­мет­на фе­де­ра­ци­ја (ЕХФ).

Ри­стов­ска со ЦСКА Мос­ква обез­бе­ди ме­сто на фај­нал­фор-тур­ни­рот во Бу­дим­пе­шта. Дел од нај­до­бри­от тим се­зо­на­ва во ЛШ се и Сан­дра Тофт (гол­ман­ка), Мај­да Мех­ме­до­виќ (ле­во кри­ло), Ве­ро­ни­ка Кри­сти­јан­сен (лев бек), Иза­бел Гул­ден (цен­тар), Но­ра Мерк (де­сен бек), Ксе­ни­ја Ма­ке­е­ва (пи­кер) Бе­а­трис Ед­виг (де­фан­зи­вка) и Ка­трин Клуј­бер (нај­до­бар млад играч).

Уло­га­та на тре­нер на нај­до­бри­от тим се­зо­на­ва во ЛШ му припадна на Га­бор Да­ни, кој е на че­ло на ун­гар­ски­от шам­пи­он Ѓер.

Коронавирус