петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 81
home Ракомет

РК Вардар сигурно ќе игра во нокаут – фазата од ЛШ!!!

РК Вардар сигурно ќе игра во нокаут – фазата од ЛШ!!!

Поради фактот дека голем дел од натпреварите во фазата по групи од  ракометната Лига  на шампиони, Европската ракометна федерација донесе одука сите екипи кои настапуваат во елитното натпреварување да бидат дел од елиминациската фаза.

Според оваа одлука место во осминафиналето ќе обезбеди и македонскиот претставник Вардар, а според ЕХФ екипите ќе можат да играат натпревари до крајот на овој месец, а пласманот ќе се одреди според бројот на освоени бодови.

Осминафиналните двојки ќе се одредат според пласманот и во првото елиминациско коло ќе се соочат првопласираните од двете групи за противници ќе ги имаат освојувачите на осмата позиција.

Второпласираните ќе се сретнат со екипите кои го освоиле седмото место, третиот игра против шестиот, а четвртопласираниот со тимот кој во групата ќе заврши како петти.

ЕУРО 2020

Македонија