недела, 5. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Ракомет

РК Вардар пред тотален распад, нови тројца играчи најавија заминување

РК Вардар пред тотален распад, нови тројца играчи најавија заминување

Вардаровите фанови минуваат еден од најтешките денови во ерата на Серген Самсоненко на чело на македонскиот ракометен шампион. Поради кризата која го тресе клубот, од денес Кристопанс и Атман не се повеќе ракометари на Вардар. Летонскиот бек потпиша за Фуксе Берлин, додека Русинот се врати во татковината и ќе го носи дресот на Спартак Москва.

Но, според најавите, вардаровиот брод во иднна ќе тоне уште подлабоко. Голманот Калифа Гедбан, веќе се договорил со Адемар Леон, Шишкарев позираше со дресот на Веспрем, додека на излезни врати се и Сташ Скубе, Дисингер и Толедо.

За тројцата бекови на Вардар постои голем интерес од клубови од Полска, Португалија и Германија. Словенечкиот бек е на радарот на Хановер, Германецот се поврзува со премин во Спортинг Лисабон, додека за Толедо бил заинтересиран полскиот вицешампион, Висла Плок.

Вардар, од пред месец и половина доби нов тренер во името на Стевче Алушовски, кој по денешните заминувања ќе мора да скрои нови планови за остатокот на сезоната. Вардар, иако одлично ја започна сезоната, со неколкуте порази во низа сериозно го загрози своето учество во елиминационата фаза на Лигата на шампионите.

 

извор: gol.mk

Парламентарни избори 2020