среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 25
home Ракомет

РК Вардар поразен од ПИК Сегед во Скопје

РК Вардар поразен од ПИК Сегед во Скопје

Ракометарите на македонскиот ракометен шампион Вардар го претрпеа четвртиот пораз во низа во ракометната Лига на шампионите и тоа од унгарскиот ПИК Сегед кој славеше во СЦ „Јане Сандански“ со 28-26.

„Црвено-црните“ можат да жалат што не победија или пак што не освоија минимум еден бод затоа што во поголемиот дел од натпреварот водеа и имаа контрола на резултатот. Вардарци успешно го решија првиот дел и на пауза заминаат со 15-13, водство кое во продолжението го зголемија и во неколки наврати имаа плус три во второто полувреме.

Меѓутоа при водство на Вардар од 20-17 гостите од Унгарија направија серија од 3-0 и дојдоа до 20-20, па од тука се сменија работите.

Дибиров и Јотиќ со по шест гола беа најефикасни кај македонскиот претставник, исто толку на спротивната страна дадоа Банхиди и Радивојевиќ.

Вардар во следниот меч гостува во Унгарија кај вечерашниот натпревар.

foto : gol.mk

ЕУРО 2020

Македонија