вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 128
home Ракомет

РК Вардар ќе го промовира новиот дрес за сезоната 2021/2022

РК Вардар ќе го промовира новиот дрес за сезоната 2021/2022

Ракометниот клуб Вардар 1961 денеска ќе го промовира новиот дрес со кој екипата ќе се натпреварува во сезоната 2021/2022.

Промоцијата на новиот дрес ќе се одржи на терените на тенискиот Клуб Парк во склоп на СЦ „Јане Сандански“.

На промоцијата ќе присуствуваат Михајло Михајловски, претседателот на клубот и играчите: Тимур Дибиров, Филип Талески, Едуардо Гурбиндо, Бакари Диало и Али Сафар.

Веднаш по промоцијата на дресот, најавена е прес-конференција на која ќе присуствуваат претседателот Михајло Михајловски, тренерот Веселин Вујовиќ и играчите Тимур Дибиров и Едуардо Гурбиндо.

Промоцијата ќе биде одржана со почитување на новите мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од страна на Владата.

Локални избори 2021