четврток, 23. март 2023. Вести денес: 58
home Ракомет

РК Вардар ќе биде домаќин на Елверум на двата меча

РК Вардар ќе биде домаќин на Елверум на двата меча

Европската ракометна федерација oдлучи заостанатите натпревари на Вардар во Лигата на шампионите со норвешки Елверум да се играат во Скопје во салата во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Првиот дуел е закажан за 21 февруари во 16:00 часот, а вториот натпревар ќе се игра исто така во Скопје на 24 февруари во почеток во 18:45 часот.

Со исходот на овие два натпревари ќе биде појасно од која позиција „црвено-црните“ ќе влезат во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) реши да направи промена на форматот поради проблемите со ковид-19 оваа сезона. Во машката Лига на шампиони новитет е што сите екипи ќе играат во нокаут-рунда, не само оние од прво до шесто место како што беше претходно планирано. Во нокаут-рунда сега влегуваат и седмиот и осмиот.

foto : gol.mk

loading...