четврток, 5. август 2021. Вести денес: 51
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Ракомет

РК Вардар и во новата сезона ќе биде дел од Лигата на Шампионите

РК Вардар и во новата сезона ќе биде дел од Лигата на Шампионите

Официјално, РК Вардар и во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од најсилните групи во Лигата на Шампионите.

РФМ ја достави пријавата на РК Вардар 1961 до Европската Ракометна Федерација во предвидениот рок за учеството на Лига на Шампиони за сезона 2021/22. Така Вардарци и во новата сезона ќе бидат дел од најголемото натпреварување.

Во новата сезона ќе имаме нов тренер, тоа е Веселин Вујовиќ кој се враќа на клупата на црвено-црните, измени има и во составот, кој претрпе промени со заминувањето, но и доаѓањето на нови ракометари. Вардар има освоени две Европски титули, а амбициите на клубот се и понатаму да конкурираат за врвот.

Коронавирус