понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 153
home Ракомет

РК Вардар го пречекува Порто

РК Вардар го пречекува Порто
РК Вардар 1961

По триумфот над Фленсбург, вардаровите играчи се оптимисти дека можат да дојдат до уште една голема победа во Лигата на шампионите сезонава, вечерва гостува Порто во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.

Во Порто брани Никола Митревски, изразит фаворит нема, Тимур Дибиров очекува тежок и исцрпувачки натпревар.

-Против Порто треба да ја потврдиме нашата идеја, победа на домашен терен, иако Порто е многу квалитетен противник. Знаеме дека ќе биде тешко, нема лесни противници но играме дома и мора да победиме, изјави Дибиров.

Слично размиислува и Стевче Алушовски, тренерот на Вардар сака победа од мечот со Порто.

-Атмосферата во тимот е одлична. Го анализиравме Порто, тој е екипа која игра одлично 7 на 6. Максимално сме внимателни без разлика на победата во минатото коло. Нема да биде лесно, но во Лигата на шампионите секој натпревар е тежок, изјави Алушовски.

извор: Dribling.mk

Коронавирус