понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 51
home Ракомет

РК Вардар е на прагот на пласман во четвртфиналето на СЕХА лигата

РК Вардар е на прагот на пласман во четвртфиналето на СЕХА лигата

Ракометниот шампион на Македонија во ракомет Вардар го доби првиот дуел со Металопластика во осминафиналето од СЕХА Лига.

Српскиот тим подобро го започна мечот и во неколку наврати водеше со четири разлика, но на средината од првото полувреме, „црвено-црните“ се разбудија, направија пресврт и до крајот на првиот дел поведоа со 19-14.

Металопластика се обиде да се врати во игра во второто полувреме, но Вардар одигра добро и во нападот и во одбраната и на крајот славеше со убедливи 39-31.

Јотиќ со 10 погодоци беше најдобар поединец во Вардар, додека Дибиров постигна 7 погодоци.

Реваншот меѓу Металопластика и Вардар се игра во вторник 16 часот.

ЕУРО 2020

Македонија