четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Ракомет

РК Вардар: Двајца играчи позитивни на коронавирус

РК Вардар: Двајца играчи позитивни на коронавирус

Во следниот период Вардар 1961 ќе се подготвува за два дуели со Кјелце во рамките од ЕХФ лигата на шампионите, а од вчера тимот е повторно на собир и тренира во СЦ „Јане Сандански“.

Од клубот информираат дека во тимот недостасуваат играчите кои се со своите репрезентации, и вкупно седум ракометари ќе настапат во рамките од ЕХФ неделата.

-Пред почетокот на тренирањето направени се тестирања. При добивањето на резултатите од тимот, стручниот штаб и сите кои се во меѓусебен контакт, двајца членови на тимот добија позитивен резултат.
Играчите кои имаат позитивен тест немале допир со соиграчите, и резултатите пристигнале пред тренингот, па тие воопшто не се појавиле во сала. И двајцата членови на нашиот тим немаат симптоми и познато е дека се заразиле од блиски. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два кои се појавија во тимот, информираат од РК Вардар.

Согласно протоколите истите нема да бидат со екипата. Другите ракометари продолжуваат со тренирањето и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот.

Коронавирус