понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Вардар директно ќе игра во групната фаза на ракометната ЛШ

РК Вардар директно ќе игра во групната фаза на ракометната ЛШ

Откако ПИК Сегед ја освои титулата во унгарскиот ракометен шампионат, си обезбеди директен пласман во машката ракометна Лига на шампиони за следната сезона.

Покрај унгарскиот првак, во групите од ЛШ има директно место за македонскиотракометен првак Вардар, за Кил и Фленсбург, кои ќе завршат на првото и второто место во Бундес лигата.

Во групите ќе играат и полскиот првак Келце, португалскиот Порто, францускиот ПСЖ, шпанската Барселона, како и данскиот и хрватскиот првак, а тоа се Алборг и Загреб.

Остануваат уште шест слободни места, односно шест вајлд-карти, а оние кои ќе аплицираат се Веспрем. Висла Плоцк, Елверум, Динамо Букурешт, Мотор Запорожје, Мешков Брест и Монпелје

 

ЕУРО 2020

Македонија