понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 126
home Ракомет

РК Вардар денес во Скопје го пречекува унгарскиот ПИК Сегед

РК Вардар денес во Скопје го пречекува унгарскиот ПИК Сегед

Денеска во Ракометната Лига на Шампиони во Скопје на македонскиот шампион Вардар на мегдан доаѓа унгарскиот ПИК Сегед, меч кој од 18 часот ќе се  одигра во „Јане Сандански“.

Ова е заостанат натпревар од претходно поради ситуацијата со Ковид-19, кој денес ќе го одиграат двете екипи.

Вардар е последен во својата група од ЛШ, со само една победа, едно реми или вкупно 3 бода, додека Пик Сегед е нешто подобро пласиран, на шестата позиција со 6 бодови или три победи.

Составот на Вардар: Борко Ристовски, Васко Шеваљевиќ, Вацлав Патрик, Стојанче Стоилов, Гоце Георгиевски, Мартин Карапалевски, Кристијан Дисингер, Ловро Јотиќ, Глеб Калараш, Анте Гаџа, Иван Чупиќ, Тимур Дибиров, Филип Талески, Јосип Векиќ, Марко Вујин и Робин Кантегрел.

ЕУРО 2020

Македонија