четврток, 13. август 2020. Вести денес: 137
home Ракомет

РК Металург во тага: Почина претседателот и најголемиот поддржувач на клубот

РК Металург во тага: Почина претседателот и најголемиот поддржувач на клубот

Денес парче душа од Металург замина од овој свет, денес не напушти Драган Силјановски, претседател на Здружението РК МЕТАЛУРГ и човекот кој беше еден од најголемите поддржувачи на клубот и ракометот воопшто. Од денес неговото столче ќе остане празно, на трибините и во Управата, но неговиот ведар дух засекогаш ќе остане меѓу нас, ќе бидеме уште посилни и посложни, за да може некаде од горе да се гордее со нас и да се радува на нашиот успех, соопштија од клубот.

Зорица Блажевска изјави: “Во името на РК МЕТАЛУРГ и во мое лично име изразувам најдлабоко сочувство до фамилијата за прераната загуба. Денес е тажен ден за нашиот колектив. Тажен ден е за мене, загубив верен соработник и пријател. Не морав да погледнам на трибините за да знам дека е тука. Неговото присуство уште долго ќе го чувствуваме. Саканите и почитуваните никогаш не умираат. Секогаш во нашето срце, Драгче!”

РЕДАКЦИЈАТА НА КУРИР ИЗРАЗУВА СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВОТО, КОЛЕГИТЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ НА СИЛЈАНОВСКИ

Коронавирус