недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 77
home Ракомет

РК Алкалоид победнички тргна во новата сезона

РК Алкалоид победнички тргна во новата сезона

Новоформираниот ракометен клуб Алкалоид и официјално го имаше својот прв натпревар во рамките на Првата ракометна лига и го совлада Металург РА со убедливи 37-18.

Уште по првото полувреме беше јасно кој ќе слави на натпреварот што се одигра попладнево во „Борис Трајковски“, бидејќи домаќинот водеше со убедливи 19-9.

Најдобри во таборот на Алкалоид беа Стојков со девет и Кофилоски со седум гола, додека во редовите на гостинот по четири гола дадоа Прцуловски, Неданоски и Ангелески.

Локални избори 2021