вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 110
home Ракомет

Ристовски: Штета што не ги искористивме одбраните на Томовски

Ристовски: Штета што не ги искористивме одбраните на Томовски

По завршувањето на натпреварот поранешниот репрезентативен голман Борко Ристовски за државниот сервис го анализираше натпреварот.

„Ме радува што не се предадовме во ниту еден момент. Ме радува што Мартин Томовски одлично отвори и предизвик за него е да продолжи на ова ниво за време на турнирот. Пријатно сум изненаден од играта во одбраната. Мишевски и Талевски беа одлични и овој дел сигурно беше подобриот во нашата игра. Покажавме компактност и Томовски и одбраната си помогнаа меѓусебе.

Жал ми е што не ги искористивме одбраните на Томовски. Не постигнавме лесни голови, а кај нас тој сегмент ни недостигаше. И искуството на Словенија дојде до израз. Со ваква игра треба да се надеваме за во иднина. Ќе ни биде далеку потешко против Црна Гора, бидејќи на тој натпревар треба да се носиме со товарот на фаворит“.

Коронавирус