среда, 12. мај 2021. Вести денес: 145
home Ракомет

РФМ со помош за клубовите, ги плаќа сите ПЦР-тестови

РФМ со помош за клубовите, ги плаќа сите ПЦР-тестови

Владата на Македонија им наложи на сите клубови кои се натпреваруваат во домашните шампионати да прават задолжителни тестови на ковид-19, па Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави помош.

Јасно е дека сите колективи се борат со финансиски проблеми во екот на пандемијата со коронавирусот, па од РФМ најавија дека сите клубови кои играат во Суперлигата и Првата лига во машка и женска конкуренција, ќе добијат ПЦР-тестови.

 

Тестирањето ќе треба да се спроведе најмалку 24 часа пред натпревар, а резултатите да бидат веднаш доставени до Ракометната федерација на Македонија (РФМ), но не подоцна од 10:00 часот на денот на одигрување на натпреварот.

 

Коронавирус