петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

РФМ: Следната сезона со 12 екипи, СЕХА-лигашите почнуваат од почеток

РФМ: Следната сезона со 12 екипи, СЕХА-лигашите почнуваат од почеток

Управниот oдбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе конечна одлука за форматот по кој ќе се игра следната сезоната во Суперлигата.

Како што претходно беше најавено, оваа сезона опстанок ќе обезбедат првите две екипи од плеј-аутот, а третата ќе игра бараж со второпласираната екипа од Прва лига, додека шампионот во второлигашкото друштво ќе обезбеди директна промоција во елитата. Исто така од следната сезона СЕХА-лигашите ќе се натпреваруваат уште во регуларниот дел од Суперлигата.

„Од сезоната 2021/20 машката Суперлига ќе брои 12 ракометни екипи, односно екипите со остварен пласман прво до десетто место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу единаесеттопласираниот во Суперлига и второпласираниот од Првата лига од сезона 2020/221 и победникот од Прва лига од сезона 2020/21, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем,

• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин двапати по единаесет кола) – вкупно 22 кола.

• По завршување на 22. коло ќе се игра плеј-оф и плеј-аут, односно екипите пласирани/рангирани од прво до шесто место ќе ја формираат групата плеј-оф од шест екипи, екипите со остварен пласман седмо до дванаесетто место ќе ја формираат групата плеј-аут.

• Во плеј-оф екипите ќе се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин двапати по пет кола) – вкупно десет кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола, по принципот:

Првиот пренесува 5 бода
Вториот пренесува 4 бода
Третиот пренесува 3 бода
Четвртиот пренесува 2 бода
Петтиот пренесува 1 бод
Шестиот пренесува 0 бодови

• Во плеј-аут групата, формирана од екипите од седмо до дванаесетто место, разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин – гостин двапати по 5 кола) – вкупно десет кола за опстанок во Суперлига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот:

Седмиот пренесува 5 бодови
Осмиот пренесува 4 бода
Деветтиот пренесува 3 бод
Десеттиот пренесува 2 бодови
Единаесеттиот пренесува 1 бод
Дванаесеттиот пренесува 0 бодови“.

Оваа одлука израдува многу љубители на ракометот, кои најсилната балканска лига во ракомет ќе можат да ја доживеат како некогаш, од првиот до последниот натпреварувачки месец со сите можни екипи. 

Коронавирус