Успехот на РК Алкалоид гп честитаа и најголемите ривали во македонскиот шампионат РК. Е.Пелистер и РК Вардар, како и Ракометната федерација на Македонија.
„Се радуваме на секој успех на македонските екипи на европска сцена, и горди сме што Алкалоид го имаме за градски ривал. Ви посакуваме многу успех во финалето во Европскиот Куп“, стои во честитката на Вардар.
„Честитки до тимот на Алкалоид за пласманот во финалето од ЕХФ Купот“, објавија на својата официјална страна од РК. Е.Пелистер.
„Ракометната федерација на Македонија упатува честитки до РК Алкалоид за пласманот во финалето на Европскиот Куп. На Алкалоид му посакуваме успех и среќа во финалето“, објави РФМ.
Алкалоид во големото финале ќе игра против грчки АЕК. Првиот натпревар се игра во Скопје, а реваншот ќе се игра во Атина.