сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 38
home Ракомет

РФМ одговори на реакциите од страна на неколку македонски екипи

РФМ одговори на реакциите од страна на неколку македонски екипи

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) излезе со соопштение до јавноста, во кое ја објаснува својата работа и инсистира дека истата се базира на почитување на утврдените нормативни акти.Пораката се однесува на неколку реакции од македонски екипи во однос на регистрацијата на играчи и нивното почитување на потпишаните договори.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани,

Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените нормативни акти на РФМ и позитивните законски прописи кои третираат материја надлежност на федерацијата.

Во текот на минатиот период по изнесените наводи во јавноста, ве информираме дека Регистрациониот правилник за играчи кој е јавно достапен нормативен акт на РФМ, под договор се сметаат ракометар/ка кој согласно член 20 точка 5 има потпишан договор (образец на РФМ) помеѓу играчот и клубот со утврдени права и обврски на договорните страни, истиот се заверува од страна на РФМ согласно член 14 точка 6.2 во рок од 30 (триесет) дена по потпишувањето на договорот, доколку истиот не е заверен се смета за невалиден согласно член 14 точка 6.6 од Регистрациониот правилник на РФМ.

Органите и телата на РФМ третираат материја на Договор кој е заверен од страна на комисиите, до колку спортскиот субјект има интерни договори со засегнати страни истите не се во надлежност на РФМ и нема овластување да постапува и одлучува по истите .

Упатуваме апел дека Македонската куќа на ракометот има за цел да го етаблира ракометот во својство на национален спорт број 1, правата и обврските на сите чинители е да делуваат во рамките на своите ингеренции и да се води интензивен меѓусебен продуктивен дијалог. Како национална куќа на ракометот, ние ќе продолжиме да го даваме нашиот максимум во смисол на комплетна логистика, поддршка за развој и одржливост на македонскиот ракомет како и комплетно почитување на нормативните акти на РФМ, како и на сите позитивни законски прописи”. 

Соопштението доаѓа по барањата на Голден арт за суспензија на десет ракометари, како и на Металург за расветлување на „случајот Додиќ“.

Коронавирус