четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 209
home Ракомет

РФМ: Гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес – Со сите сили, за Македонија

РФМ: Гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес – Со сите сили, за Македонија

И покрај енормно тешкиот меч одигран на стартот на 13-то Европско ракометно првенство во Загрепската арена – тензичноста, критички интонираните обвинувања насочени кон арбитерите, неизвесноста која траеше до последните секунди од натпреварот – Македонија доби мошне важен меч против мундијалски „бронзената“ селекција на Словенија, стои во соопштението од Ракометната федерација на Македонија.

-БРАВО за нашите момци кои херојски се бореа за секој топка и за секој постигнат гол. Големо БРАВО за извонредниот стратег Гонзалез и стручниот штаб и уште едно огромно БРАВО за брилијантната поддршка од трибините, велат од РФМ.

Во соопштението стои дека нашите сениорски репрезентативци денес се соочуваат со нов предизвик: уште еден тежок натпревар против уште еден силен ривал – селекцијата на Црна Гора. После овој сериозен тест, следи можеби најтешкиот натпревар во групната фаза – со континентално „златната“ селекција на Германија.

-Остануваме максимално посветени и фокусирани на играта! Веруваме во тимот и квалитетот а на крилјата на илјадници наши фанови и огромната поддршка од целокупната јавност спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес! Со сите сили: ЗА МАКЕДОНИЈА, се наведува во соопштението на РФМ.

Локални избори 2021