вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 45
home Ракомет

РФМ го одложи целото коло поради смртта на Никола Даниловски

РФМ го одложи целото коло поради смртта на Никола Даниловски
Утринава во водите на Охридското езеро беше пронајдено телото на 26-годишниот голман на РК Охрид, Никола Даниловски кој беше и македонски репрезентативец.
Ракометната федерација на Македонија реши да го одложи целото коло кое требаше да се игра викендов.
„Со голема тага и неверување испраќаме последен поздрав на репрезентативецот Никола Даниловски. Почивај во мир, сочуство до семејството“, напишаа од РФМ.
Сите македонски ракометни профили преку своите социјални мрежи изразуваат сочувство за Никола Данаиловски.

Коронавирус