сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Ракомет

Резултатот од мечот Словенија- Чешка ја отпиша Македонија од битката за 5-то место

Резултатот од мечот Словенија- Чешка ја отпиша Македонија од битката за 5-то место

Чешка и Словенија одиграа 26-26 со што си ги поништија меѓусебно шансите за полуфинале, арно ама ја докрајчија и Македонија во надежите за пласман на петтото место. Со освоениот бод, Чешка дојде до пет, така што дури и Македонија да ја победи вечерва Данска, не може никако да биде пред неа и пред некој од Германија и Шпанија истовремено во групата 2, во Вараждин.

Чесите беа понесени од фантастичниот Томас Мрква, голманот кој ги сотре желбите на македонските навивачи синоќа, бранејќи го пеналот на Дејан Манасков и носејќи ѝ победа на Чешка (25-24). Тој и 14 часа подоцна продолжи каде што застана бранејќи феноменално, што претставуваше доволен ветер во грб за Чесите да водат цело прво полувреме, во еден момент дури и со пет разлика.

На паузата беше 12-11 за Чешка, а во второто полувреме нова доза стимул од Мрква, за негатива од 16-20 на Словенците, во 42. минута. Сепак, Веселин Вујовиќ и неговите избраници беа упорни, а имаа помош во облик на два директни црвени картона за Чешка уште во првото полувреме, па како течеше времето нивниот противник се трошеше. Словенија се врати, поведе и со два разлика првпат на мечот (25-23).

Сепак, немаа концентрација за да ја сочува предноста и им дозволи на Чесите да се вратат, пропуштајќи и напад за победа. Најефикасен беше Здрахала со девет гола, а Мрква царуваше со 18 одбрани.

Коронавирус