петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 147
home Ракомет

Револт во ПИК Сегед: ЕХФ си ги гледа сопствените интереси

Револт во ПИК Сегед: ЕХФ си ги гледа сопствените интереси

ПИК Сегед требаше да биде ривалот на Вардар во осминафиналето од ракометната Лига на шампиони, но двомечот нема да се игра затоа што ЕХФ реши да ги испрати четирите најдобри екипи во групите на завршниот Ф4-турнир.

Се огласија од таборот на унгарскиот вицепрвак, од каде покажаа револт. Во име на тимот говореше претседателот Ерно Шуц.

„Жалам затоа што со оваа одлука не се почитуваа интересот на клубовите и на фановите, туку ЕХФ си ги гледаше сопствените интереси и само нив ги зеде предвид“, краток беше Шуц.

Унгарците како да се помирија дека нема да имаат шанси да играат на Ф4 уште пред извесен период, кога проструи веста дека завршницата ќе добие гарантирани учесници. ПИК Сегед ги испрати сите ракометари на одмор уште пред десетина дена, со што беше јасно дека „крева раце“ од ЕХФ.

Коронавирус